Како што информираат од нашиот машки ракометен колектив од понеделник 21 септември ќе започне продажбата на поединечни билети за натпреварот со Пик Сегед, кој е прв на домашен терен во рамки на групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. За продажбата од нашиот црвено – црн шампион велат :
Продажбата на билети ќе се одвива само на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, секој работен ден од 10 до 18 часот.
Цените на билетите се следните:
- Стоење – 150 денари
- Трибина – 400 денари
Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед ќе биде прв на домашен терен во новата сезона за нашите момци, а ќе се игра на 27 септември со почеток во 17:30 часот.
Дополнителни информации за продажбата на билети за првиот домашен натпревар од оваа сезона со тимот на Пик Сегед можете да добиете на телефонскиот број + 389 (2) 2 40 19 80, како и на www.ticketplus.mk и www.rkvardar.com.mk