Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Личина: Одиме на три бода во Тетово, ние сме Вардар!
Личина: Одиме на три бода во Тетово, ние сме Вардар!

Личина: Одиме на три бода во Тетово, ние сме Вардар!

Овој викенд нашиот младинскиот тим го игра натпреварот од 5-то коло во младинската конкуренција. Овој викенд младинците на Вардар ќе имаат тешка задача, на гости против Шкендија. Есмин Личина за нашиот сајт пред натпреварот ги истакна следниве импресии:

Вардар Фанс: Се подготвувате ли за натпреварот, мотивирани ли сте, да го дадете максимумот од себе, за нова победа на овој вардаров тим?

  • Во 5-то коло наш противник е екипата на Шкендија, која ја познаваме добро, и ова коло го играме дербито во Тетово. Се подготвуваме одлично, оваа недела на сите тренинзи имаме мотивација, за да влеземе добро, и да ги освоиме трите бода на овој натпревар. Ние сме во одлична форма, и мора да продолжиме во исто темпо.
    Ние сме ВАРДАР, на секој натпревар одиме на три бода, дали играме дома или на гости!

                                                                                                                    Димитар Гогов

    Фото: tkmedia