Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Со мислите кон Франција!

Со мислите кон Франција!

vardarfans rkСо мислите сме веќе кон Франција…. Конечно почнуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите во машка конкуренција. Оваа година можеме да кажеме дека сме ”дораснати” и спремни за Ф-4. Походот кон уште една успешна сезона ja започнуваме в недела, против стариот познаник екипата на Монпелје. Минатата година сите паметиме дека во Франција одигравме нерешено, на тој натпрвар немавме лек за Греби, францускиот играч ни даде дури 12 гола на тој натпревар. Но ова е нов Вардар, ова е Вардар кој мора, и треба да победи екипи како Монпелје ако сакаме да се надеваме на Ф-4 оваа сезона.

Имаме два квалитетни играчи на сите позиции, имаме одличен ростер на екипата, оваа година имаме многу бекови, па така се е спремно за уште едно ракометно уживање. Нека почне европската авантура успешно, нека ни донесат црвено – црните момци прво славје оваа година, нека биде празник на ракометот.
Напред Вардар ( пренос в недела од 17 часот на МРТ – 1)

Фото: rkvardar.mk