Кадетите на ФК Вардар утре во рамките од петото коло од македонската кадетска лига гостуваат кај тимот од Тетово екипата на Шкендија. Нашите момци ќе атакуваат на петта победа од исто толку одиграни мечеви. Во досегашниот дел од сезоната оваа категорија има 100% учинок. За очекувањето од утрешниот дуел со врсниците од Тетово со нас свое мислење сподели младата надеж на скопските црвено – црни Кирил Китановски вели :
Очекуваме тежок натпревар со оглед на тоа дека Шкендија се смета за солидна екипа, но сепак одиме на победа и продолжување на низата победи.Со екипата на Шкендија одигравме натпревар на “Скопје Купот“ во кој ги победивме со минимални 1-0 и мислам дека ќе се повтори победата . Расположението во екипата е на добро ниво се подготвуваме напорно изминатата недела имаме шанси за победа , но они сепак имаат мала предност бидејќи играат на домашен терен во Тетово и ќе сакаат да освојат цел плен со нас.
Звонко Ивановски