Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > КОМИТИ Соoпштение: Одлуката падна на Јужна ќе го бодриме Вардар во Супер-купот
КОМИТИ Соoпштение: Одлуката падна на Јужна ќе го бодриме Вардар во Супер-купот

КОМИТИ Соoпштение: Одлуката падна на Јужна ќе го бодриме Вардар во Супер-купот

Одлуката падна,
Ве повикуваме за Суперкупот на 23-ти Септември масовно да купувате билети за Јужната трибина блок 1 (најзападниот дел).

Спротивно на сите очекувања и фантазии на дел од Управата и ФФМ, однесувајте се достоинствено, Да ја покажеме нашата љубов кон Вардар наместо гневот кон поединци од Управата, да создадеме фестивалска атмосфера како што само ние знаеме и умееме. Да им ги скршиме сите надежи и сништа на оние кои едвај чекаат да направиме нешто, по што би не посочиле со прст и би си ги потврдиле сите нивни погрешни претпоставки и квалификации за нас.
Ве повикуваме вас Вардарци, наши херои, да истрчате на теренот и да покажете се што знаете и умеете! Веруваме во вас и знаеме дека и вие како и ние сме желни да ги демантираме сите кои имаат погрешни очекувања од нас и вас, Вие докажете им на теренот дека сте најдоброто од Македонија, а ние ќе возвратиме од трибините со нашата поддршка како и секогаш, но овојпат помотивирани, затоа што сме потценети и се однесуваат со нас со недоволно респект. Да покажеме врвна дисциплина и посветеност, да им ги затнеме муцките на сите оние кои тријат раце од она што посакуваат да се случи, да докажеме дека оние кои креираат тврдини помеѓу нас и нашата љубов, копаат ровови за да се одбранат од напад кој никогаш нема да се случи, живеат сеуште во минатото и дека причините за нивното опстојување се намалуваат рапидно, такво нешто нема да се случи никогаш, Комити и Вардар се едно ткиво, едно тело еден дух, никогаш нема да бидат на спротивни страни.

Сакаме јасно и недвосмислено да дадеме до знаење дека не постои навивач на Вардар кој не е среќен за начинот на кој клубот е организиран, не постои ниту еден кој посакува спонзорот и сопственик да си оди од клубот туку сосема напротив, неговото доаѓање во клубот е најдоброто нешто што му се случило на Вардар во изминатите години и децении. Сепак сакаме да ги демаскираме оние во неговото окружување, да ги разобличиме и соголиме вистинските мотиви кои ги водат, дејствувајќи спротивно интересите на клубот и криејќи се позади името на клубот и сопственикот. Наједноставен начин тоа да го сториме е нашето однесување на трибина да биде на високо ниво, без никакви испади, туку гордо на високо ниво, ценејки ги вистинските вредности, потенцирајќи ја љубовта кон клубот.

Собир за натпреварот е Фонтана во 18ч.

Напомена: На собир доаѓајте со веќе обезбедени карти.

Картите можете да ги купувате и online преку e-tickets:http://karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=841

Исто така карти можат да се купат на на билетарата на стадион