Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > (ВИДЕО)Младиот вардарец Петар Петковски стрелаше против БиХ
(ВИДЕО)Младиот вардарец Петар Петковски стрелаше против БиХ

(ВИДЕО)Младиот вардарец Петар Петковски стрелаше против БиХ

Македонската репрезентацијата У-19 издвојува сигурна и убедлива победа од 4:1 над селекцијата на Босна и Херцеговина на тест-дуелот одигран на стадионот во Ѓорче Петров. Капитенот на оваа селекција и играч на ФК Вардар Петар Петковски одигра одлична средба.

Петар Петковски погоди еднаш во противничката мрежа и еднаш асистираше на оваа пријателска средба. Тој за првиот гол одлично се снајде во 16-те метри на босанците мина двајца свој врсници од гостинскиот табор  и го проигра  Валентин Кочовски кој стрелаше за 1-0. Петар имаше неколку убави шанси во овој меч кој не ги реализираше. Сепак во  56 минута од пенал стрелаше силно во долниот десен агол на голманот Спахиќ за 4:1. Видео од дуелот со БиХ во продолжение.

Фото:фквардар.мк,Видео:вардарфанс.мк