На 31 август 2017 година официјално три годишен договор со нашиот тим потпиша 21-годишниот Максим Максимов од Русија. По овој трансфер се чинеше дека конечно управата на Вардар пронајде вистинска “гол машина”, која редовно и без проблем ќе ги тресе противничките мрежи во нашето првенство.
Максимов започна добро во црвено – црниот дрес. Дебитираше на дерби дуелот со Шкендија во Скопје во 2017 година, влезе од клупата и запиша асистенција во триумфот на својот тим. Во натпреварувачката сезона 2017/18 одигра вкупно 25 првенствени натпревар и постигна 8 погодоци.
По сезоната 2017/18 и постигнатите 8 погодоци сите очекуваа далеку подобра следна сезона но, се случија непосакувани работи. Максимов одигра само четири првенствени натпревари (дел поради проблеми со документите), не постигна ниту еден погодок, а и во двомечот со Пјуник во квалификациите за Лигата на Европа одигра вкупно 105 минути без ниту една единствена шанса за гол.
Сега, во новата 2019 година, Максим Максимов не е повеќе дел од Вардар. Им се придружува на Итало, Огбона, Ибричиќ.. играчи кои требаа многу повеќе да донесат во редовите на нашиот тим.