Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Келн го промовира скапоцениот трофеј од ЛШ, вардарци еднаш го почуствуваа на свои раце
Келн го промовира скапоцениот трофеј од ЛШ, вардарци еднаш го почуствуваа на свои раце

Келн го промовира скапоцениот трофеј од ЛШ, вардарци еднаш го почуствуваа на свои раце

Во Келн се играа натпреварите од “Президент купот„ односно мечевите за пласман од 13-16.место на Светското првенство во Германија и Данска. Токму Македонија и Русија играа во “Ланкес„ арената, а тоа беше можност за вардаровите играчи да се потсетат на убавите спомени од 2017 година, кога успеаа во истата сала да ја освојат првата Европска титула во историјата на клубот.

Градот Келн ги искористи натпреварите да го промовира скапоцениот трофеј од Лигата на Шампионите, кој ќе заврши во рацете на само една екипа. Минатите две години, црвено-црните се пласираа на Ф4 во Келн, а еднаш и ја освоија ЛШ. Дали Вардар ќе успее по трет последователен пат да се најде во Келн, останува да видиме. Завршниот турнир за оваа сезона е предвиден да се одигра на 1 и 2 јуни 2019 година.