Кошаркарите на Вардар стартуваа во новата година со пораз, откако беа поразени тесно, на гостувањето во Куманово со резултат 73-65.
Домашните доминираа во првиот период, но потоа Вардар скоро рамноправно парираа во останатите три, со што оставија одличен впечаток на ова гостување, во ново руво со новите три играчи во ростерот.
Кај домаќинот, Ѓекиќ имаше 23 поени со 8 скока, а Ковач беше другиот двоцифрен стрелец со 10 поени. Кај Вардар, новите играчи, Темелковски и Тарнер постигнаа по 15 поени, а Цветковски имаше 12 поени.
Вардар во следното коло е слободен.