Довчерашниот играч на ФК Вардар, Филип Антовски е нов фудбалер на Динамо од Загреб! Ова е уште еден трансфер на млад потенцијал во Хрватска, откако од младинскиот погон во оваа земја заминаа Андреј Кировски (Динамо Загреб) и Христијан Димов (Интер Запрешиќ), а потпис на договор треба да стави и Тодор Тодороски со тимот на Осијек.
Антовски пристигна во Вардар во 2016 година од екипата на Еуроспорт од Куманово. Речиси ги помина сите повозрасни младински категории на Вардар, има забележано настапи и за првиот тим на Вардар, како и стандарден репрезентативец на Македонија до 19 години. Настапува на позицијата лев бек, но може да игра и како крилен фудбалер по левата страна.