Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Тодороски пред трансфер во Осијек!!
Тодороски пред трансфер во Осијек!!

Тодороски пред трансфер во Осијек!!

Наместо да носи нови имиња, од Вардар си заминува уште еден млад талент. Тодор Тодороски го напушти кампот на Вардар и замина на финални преговори со неговиот нов тим, Осијек.

Тодороски важи за исклучително перспективен талент, па јасно беше дека на негова адреса ова зимо ќе доаѓаат добри понуди. Нашиот фудбалер беше поврзуван со тимот на Хајдук, но Осијек се чини ја заврши работата пред својот ривал.

Тодороски оваа полусезона беше стандарден во Вардар и одигра 14 првенствени натпревари. Секако, ова ќе биде уште еден голем удар за Васоски и Вардар.