Monday ,06 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Пинг понг: Вардар остана лидер, победи во 8 и 9.коло
Пинг понг: Вардар остана лидер, победи во 8 и 9.коло

Пинг понг: Вардар остана лидер, победи во 8 и 9.коло

Вчера  во Скопје се одржа 8 и 9 коло во Супер пингпонгарската лига. Шампиони Фа од Штип забележа максимална победа од 4-0 над директниот конкурент за 4 место. Сега и Шампиони Фа има шанси да игра во плеј офот, иако е се уште рано да се прогнозира пласманот.

Втората штипска екипа УГД во 8 коло е поразена од лидерот Вардар со 4-1. Драматична беше средбата Телеком Нец- МЛАДОСТ 96. Средбата заврши со 4-3- победа на Младост 96. Младост го победи Мултитекс со 4-1.
Во деветтото коло на Супер лигата, кое исто така се играше денеска во Скопје, во дербито меѓу Вардар и Младост 96 и припаднана скопјани со 4-2. Вардар остана лидер по двете победи во овие две, врзани кола.

Телеком Нец го победи Работнички со 4-2, Младост беше подобар од штипски Шампиони со 4-1, по подолга пауза Угд забележа победа- го совлада последнопласираниот Мултитекс со 4-0.На табелата водат Вардар и Младосрт по 17 бодови, Шампион фа е на 5 , а Угд на седмото место на табелата.

Извор:  https://stipskiasovi.mk /Кирил Манев