БК Вардар повторно започна со тренинзи во старата “База“, спортскиот центар “Кале“. Место каде со години се создавале репрезентативци и и елитни борачи. Со појавување на Проф.Пешко на боречкиот тренинг, како “магнет“ секојдневно дефинираат од 30-50 борачи во разни возрасни категории. Се тренира на исправање на техниката и правилно поставување на ставот, “стојката“ и движењето.
Воедно ПешкоИнжињеринг ЛТД му подари на БК Вардар и македонското борење возило, минибус Тојота за потребите на борачите, за патувањата на разни натпревари во земјата и во странство. Покрај тоа тимот од истата компанија доби и нови маици, изработени и дизајнирани од “Амазон“ Кочани.