Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Slider > (ВИДЕО) Подемот на Вардар кон освојување на Европската титула
(ВИДЕО) Подемот на Вардар кон освојување на Европската титула

(ВИДЕО) Подемот на Вардар кон освојување на Европската титула

Каков беше патот и подемот на Европскиот шампион од 2017 година, тоа е нашиот Вардар. Во четвртиот обид успеавме да стигнеме на завршниот турнир и да ја освоиме Лигата на Шампионите, откако претходните три сезони стигнувавме во најдобрите осум екипи. Во 2014 година бевме несреќно елиминирани од екипата на Фленсбург, следната година на патот ни застана Киелце, додека во 2016 година во 1/4 финалето бевме поразени од екипата на Веспрем. Сепак 2017 беше наша година, откако обезбедивме директен пласман во четвртфиналето, таму се одмазивме на Фленсбург и го поразивме на двата меча и на тој начин за прв пат во историјата успеавме да обезбедиме пласман на завршниот турнир во Келн. Таму направивме “чудо„ и во два дена, најпрво ја победивме Барселона, додека во големото финале го поразивме и ПСЖ.

Погледнете го видеово кое целосно ќе ве наежи. Каков беше подемот на Вардар по години и на крајот освојувањето на Европската круна и пречекот на плоштад од своите навивачи.