После паузата од два месеци продолжи пинг понгарското првенство во двете најсилни лиги. Во Супер лигата продолжува мртвата трка за првото место помеѓу екипите а Скопски Вардар и Прилепски Младост, кои се издвоија на првите две места на табелата, со ист број бодови. Зад нив со два бода заостанување се скипите на Младост 96 и Телеком НЕЦ. Овие четири екипи се најсериозни кандидати за учество во плеј офот кој се игра после завршувањето на лигата.
Табела Супер лига
- Вардар 17
- Младост 17
- Телеком НЕЦ 15
- Младост 96 15
- Шампион ФА 12
- Работнички 12
- УГД 11
- Мултитекс 9
Резултати од Супер лига
VIII коло
Телеком НЕЦ – Младост 96 3:4
УГД – Вардар 1:4
Работнички – Шампион ФА 0:4
Младост Мултитекс 4:1
Телеком НЕЦ – Младост 96 3:4
УГД – Вардар 1:4
Работнички – Шампион ФА 0:4
Младост Мултитекс 4:1
IХ коло
Работнички – Телеком НЕЦ 2:4
Шампион ФА – Младост 1:4
Мултитекс – УГД 0:4
Вардар- Младост 96 4:2
Работнички – Телеком НЕЦ 2:4
Шампион ФА – Младост 1:4
Мултитекс – УГД 0:4
Вардар- Младост 96 4:2
Првенството продолжува следниот викенд во недела на 3 февруари во Скопје исто така во СЦ Форца.