Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Од утре во продажба билетите за дуелите со Веспрем и Монпелје во ЛШ, како и за мечевите во СЕХА против Загреб и Б.Мешков
Од утре во продажба билетите за дуелите со Веспрем и Монпелје во ЛШ, како и за мечевите во СЕХА против Загреб и Б.Мешков

Од утре во продажба билетите за дуелите со Веспрем и Монпелје во ЛШ, како и за мечевите во СЕХА против Загреб и Б.Мешков

Покрај за натпреварот од ЛШ против Веспрем, од утре (среда) во продажба се пуштаат и билетите за натпреварите од СЕХА лигата, со ППД Загреб и со Мешков и за последнио тмеч од ЛШ против Монпелје

Со цел навивачите навреме да си обезбедат билет за следните натпревари на Вардар на домашен терен, во Лигата на шампионите и во СЕХА газпром лигата од утре (среда) во продажба се пуштаат билетите за сите четири натпревари, против Веспрем и Монпелје во ЛШ и против ППД Загреб и Мешков во СЕХА Газпром лигата.

За двата натпревари во ЛШ цената на билетите е идентична, во зависност од трубината, а додека цената за натпреварите во СЕХА Газпром лигата чинат 50 денари без разлика на местото. Имателите на сезонски билети можат да присуствуваат на сите натпревари.

Во продажба ќе се пуштат поединечни билети за трибините и А блоковите. Имателите на сезонски билети истите ќе може да ги искористат за сите натпревари во лигата на шампионите и во СЕХА лигата, и домашното првенство.

Цената на поединечните билети за дуелот со Веспрем и за Монпелје се:
* 350 денари за местата на трибина
* 400 денари за А блоковите

Билетите ќе може да се купат на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” секој работен ден од 10 до 18 часот, и он лајн на www.ticketplus.mk.

Првиот меч оваа година на домашен терен го играме против екипата на Веспрем во Лигата на Шампионите, дуел кој е закажан за на 16.февруари. На 27. февруари во С.Ц. Јане Сандански сме домаќини на екипата на ППД Загреб, додека во истово натпреварување на 5.март ќе ја пречекаме екипата на Брест Мешков. Претходно на 2.март во рамките на последното коло од групата А во ЛШ, во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Монпелје.