Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Интересно коло во ЛШ, Вардар гостува кај Рајн-Некар, додека Веспрем е домаќин на Барселона
Интересно коло во ЛШ, Вардар гостува кај Рајн-Некар, додека Веспрем е домаќин на Барселона

Интересно коло во ЛШ, Вардар гостува кај Рајн-Некар, додека Веспрем е домаќин на Барселона

Интересни натпревари не очекуваат во продолжетокот од Лигата на Шампионите. До крајот на групната фаза во двете најсилни групи остануваат уште по четири кола, неизвесности има околу конечниот пласман на екипите и кој ќе продолжи во осминафиналето.

За нас интересна е најсилната група А, во која не очекува интересно коло. Ова се натпревари кои можат да ни дадат појасна слика околу распоредот на екипите на табелата, по завршување на групната фаза. Први кои ќе го отворат 11. коло во групата А ќе бидат екипите на Рајн-Некар и Вардар, кои се во голема борба за што подобра позиција, а со тоа и полесен противник во следната елиминациска рунда. Мечот е закажан за на 6.февруари.

Вардар во завршниот дел влегува како второпласиран во групата, но со само еден бод повеќе од екипите на Рајн-Некар, Веспрем и Киелце. Не очекува тешко гостување во Манхајм, влогот е голем, а победникот само ќе си ги зголеми шансите за второто место во групата. Предност за црвено-црните може да биде доцното комплетирање на противникот, кој имаше дури 11 играчи на СП, најголем дел од нив останаа до крајот на мундијалот. Рајн-Некар го немал уште првиот собир во новата година на чело со тренерот Јакобсен кој успеа како предводник од клупата да го освои златниот медал со Данска на СП, како и со неговиот помошник, Роглиш кој беше асистент на Прокоп, на клупата на Германија. Бундеслигашот ќе влезе во мечот со Вардар, без ниту еден одигран натпревар во новата година. Вардар пак во четврток ќе одигра меч од СЕХА-лигата против Војводина, кој ќе ни помогне колку толку да фатиме натпреварувачки ритам во пресрет на гостувањето кај “лавовите„.

Сите останати натпревари од 11.коло во групата А ќе бидат одиграни на 9.февруари. Монпелје ќе има последна шанса да фати приклучок кон 6.место на табелата, кое носи пласман во 1/8 финалето, додека за Брест Мешков императив е да ја прекине лошата серија од без победа на последните осум меча во ЛШ. Вториот дерби дуел во групата ќе се одигра во “Веспрем арената„ каде екипата на Веспрем ќе го пречека лидерот во групата, тоа е Барселона. Доколку Барса слави на овој дуел, тоа ќе значи и дефинитивно освојување на првата позиција, што носи директен пласман во 1/4 финалето. За Вардар, можеби одговара пораз на Веспрем, а триумф за унгарците ќе значи голем поттик и мотив на последните три меча.

Во последниот натпревар од групата силите ќе ги одмерат екипите на Кристијанштад и Киелце, исто така важен дуел за двете екипи. Киелце се бори за 2.место на табелата, додека Кристијанштад е во голема борба за освојување на 6.место. Полјаците се фаворити, но шведскиот шампион не е за потценување, па сигурно дека ќе даде се од себе за да изненади.

Распоред на натпревари за 11. коло во групата А:

Рајн-Некар – Вардар ( 06.02.)  19:00

Монпелје – Брест Мешков ( 09.02)  17:30

Веспрем – Барселона ( 09.02)  17:30

Кристијанштад – Киелце ( 09.02)  19:00