Викендов на програмата во женската Прва кошаркарска лига е 12.коло, односно втората пролетна рунда. Во истата црвено-црните дами ќе ги пречекаат гостинките во Делчево кај екипата која е “фенерџија“ во единствената женска кошаркарска сениорска конкуренција.
ЖКК Вардар во салата “Кале“ е домаќин на последнопласираниот тим на ЖКК Клубски Патриот, во недела, 3-ти фебруари. Дуелот е закажан со почеток во 12-00 часот. Вардар е апсолутен фаворит на оваа средба со ривалот кој има само една победа во оваа сезона. На првата средба избраничките на Жаклина Стојановска триумфираа со високи 19-81.