ФК Вардар не мирува. По исплатата на долгот официјализирана е уште една голема работа. Како што ни потврдија од клубот, довчерашниот капитен на Вардар, Бобан Грнчаров е новиот директор на ФК Вардар кој доаѓа на местото на Дарко Панчев.
Бобан Грнчаров беше дел од онаа златната генерација на клубот која во есента 2017 година играше во групната фаза во Лигата на Европа и сигурни сме дека со неговото доаѓање работите во клубот ќе одат само во нагорна линија.
Добредојде назад Грне!!