Како што објавивме на нашата Фејсбук страна пред околу 40-сетина минути (види фото), ФК Вардар пред околу еден час ги подмири сите долгови кон УЕФА и ја избегна суспензијата од две години.
По оваа спектакуларна вест, дознаваме дека Вардар сега тргнува по нови играчи, а прв на листата е Хуан Фелипе кој во следните неколку денови треба да пристигне во Скопје. Покрај него, Вардар има намера до крајниот рок за трансфери (12 февруари), да донесе уште неколку квалитетни фудбалери во својте редови.