Tuesday ,08 October 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Галена Димчевска: “Јуниор лигата“ е шанса за напредување, многу научив за ракометот од мојот брат Благој, Будимир е мој идол
Галена Димчевска: “Јуниор лигата“ е шанса за напредување, многу научив за ракометот од мојот брат Благој, Будимир е мој идол

Галена Димчевска: “Јуниор лигата“ е шанса за напредување, многу научив за ракометот од мојот брат Благој, Будимир е мој идол

Оваа есен  започна  со одигрување 4-та сезона од Јуниор ракометната лига. Голем проект на Академијата на ракометниот клуб Вардар во кој се вклучени екипите од регионалните школи. По три успешни сезони веќе се одигра половина од оваа. Дел од натпреварите во женска конкуренција е екипата на РК Будимир Вардар, во истата екипа настапува и Галена Димчевска. Таа е млада ракометна надеж родена 2006 година која од оваа есен е дел од тој тим. Во продолжение нејзиното прво интервју за вардарфанс.мк

1. Од кога се занимаваш со ракомет, како се појави љубовта кон тој спорт кај тебе и која е твојата позиција во тимот ?

g3

* Јас почнав со ракомет да се занимавам од девет годишна возраст. Љубовта за овој спорт започна кога нашата репрезентација на Европското Првенство го освои петтото место. Ги следевме сите натпревари на нашата репрезентација. Мене тогаш ми се роди желбата да почнам да тренирам ракомет. Јас со тренинзи започнав во Ракометната Академија Кисела Вода Вардар. Во тимот играм позицијата лево крило бидејќи ми е од омилените позиции, а и ми одговара на моите предиспозиции.

2. Дел си од екипата на РК Будимир Вардар каде работите со едно големо име на балканскиот и европскиот ракомет,  што значи за млад ракометар тоа?

*Пред се е чест и задоволство да се работи со личност како што е Будимир. Од секогаш сум сакала да ми биде тренер, бидејќи ги следев сите натпревари на брат ми на кој му е тренер. На “YouTube“ имам гледано поголем број нејзини натпревари, и не можам да се одлучам дали е подобар играч или подобар тренер. Па можам слободно да кажам дека е таа мојот ИДОЛ.

3. Твојот брат Благој, е дел од кадетско-младинскиот тим на Вардар, тој успешни мина низ сите селекции во црвено-црниот тим, како е да се има брат кој го практикува истиот спорт?

g4

*За ракометната игра научив многу од мојот брат. Неговата посветеност, труд, упорност за мене секогаш беше инспирација да го одберам токму овој спорт. Тој е добар брат и уште подобар ракометар кој може да биде пример за секого, а особено за мене. Слободното време го користиме за да научиме нешто повеќе од ракометот.

4. Ти и твојот тим се натпреварувате во големиот проект на Академијата на РК Вардар, “Јуниор лигата“ што истата ви овозможува и како си задоволна од настапите досега ?

*Јуниор Лигата за мене значи да го унапредам моето знаење, да се промовирам на натпреварите, да го давам максимумот за мене а исто така и за мојата екипа. Исто така проектот Јуниор Лига е можност за ние младите категории да ги докажеме нашите способности за спортот, да запознаваме други пријателства од натпреварите и пред се за откривање нови таленти. Во иднина во Лигата очекувам се повеќе и повеќе конкуренцијата да расне. Новата сезона од Јуниор Лигата ја отворивме со победа против екипата на Делчево Вардар со победа од два разлика. Да јас сум задоволна и од мојот настап и од настапот на мојата екипа.

g2

5. Каде се гледаш во иднина, кој е твојот ракометен идол или пример на кој се угледуваш?

*Гледано на ракометен план  во иднина се гледам во екипата на Ѓер. Како и сите млади ракометари така и јас имам свој идол. Мојот идол е Андријана Будимир, мојот тренер и пример за ракометна величина.

Михајло Тушевски