Игор Карачиќ од утре се приклучува на тренинзите на Вардар и ќе се стави на располагање на тренерот Парондо, за претстојниот натпревар од Лигата на Шампионите, против екипата на Рајн-Некар. Карачиќ последен ќе се приклучи на црвено-црните, со оглед дека најмногу се задржа на Светското првенство, на кое Хрватска го освои шесттото место.
Карачиќ пристигна во Скопје заедно со екипата на ППД Загреб, која утре гостува во Борис Трајковски на екипата на Металург, на натпревар од СЕХА-лигата.