По само една полусезона на голот на Вардар, Дејан Милосављев успеа да запише “јубилеј„ во СЕХА-лигата. Голманот на Вардар ја надмина бројката од 100 одбрани во ова натпреварување.
На вчерашниот меч на кој Вардар славеше против Војводина, Милосављев беше еден од подобрите поединци, завршувајќи го натпреварот со 11 успешни одбрани. Дури на седум натпревари оваа сезона, популарниот “Банда„ имаше двоцифрен број на одбранети удари, најмногу забележа во гостинската победа против Татран Прешов, каде имаше дури 14 одбрани.