Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мораес Фереира од следната сезона се сели во екипата на Веспрем
Мораес Фереира од следната сезона се сели во екипата на Веспрем

Мораес Фереира од следната сезона се сели во екипата на Веспрем

Бразилскиот пикер во редовите на Вардар, Рожерио Мораес Фереира од следната сезона ќе настапува за екипата на Веспрем. Денес Унгарците го официјализираа неговиот трансфер, нешто за што се споменуваше и во изминатиов период. Фереира потшиша договор на две години, со можност за продолжување на уште една.

Фереира ја игра својата трета сезона во редовите на Вардар, откако пристигна од екипата на Кил. Уште во првата своја сезона во црвено-црниот дрес успеа со Вардар да стане Шампион на Европа. Сега Вардар треба да ја потполни неговата празнина, а кој ќе биде неговата замена останува да видиме во наредниот период.