Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Уште едно признание за Штербик, една негова вчерашна одбрана во топ-5 на колото
(ВИДЕО) Уште едно признание за Штербик, една негова вчерашна одбрана во топ-5 на колото

(ВИДЕО) Уште едно признание за Штербик, една негова вчерашна одбрана во топ-5 на колото

 Вчера  голманот на црвено – црните Арпад Штербик имаше одлична партија на голот  со 17 интервенции и беше еден од најзаслужните за победата на ова гостување кај француски Монпелје.

Покрај признанието за најдобар долман во воведното коло во лигата на европски ракометни шампиони нашиот “џин“ на голот доби признание и во категоријата “најдобри пет одбрани“. Арпад со една атрактивна интервенција од многуте кои ги имаше вчера се најде на четвртото место во овој топ-5 избор. Првото место беше резервирано за  голманот на Монпелје-Жерар кој одбрани една неверојатна контра на нашиот крилен играч  Тимур Дибиров. Сите пет најдобри одбрани во првото коло во ЛШ може да ги погледнете на следното видео.