Екипата на Рк Вардар со победа ја стартуваше новата сезона во лигата на шампионите. Првиот триумф беше остварен на гостински терен, против тимот на Монпелје. Тежок натпревар, во кој по едно полувреме им припадна на двете екипи. Сепак Вардарци беа подобри во моментите кога се кршеше резултатот и сосема заслужено ги освоија првите бодови. Изјави на тренерот Гонзалес и Македа на прес-конференција, после завршување на мечот со Монпелје.
Многу сме задоволни со резултатот, тешко е да се игра овде. Ова беше прв меч во Лигата на шампионите и беше комплицирано. Монпелје има проблеми со повредени играчи и уморот ги стигна во второто полувреме. Имавме многу време да се подготвимеза овој меч, а тоа ќе ни користи и во иднина, изјави Гонзалес.
Македа заедно со Дибиров беа најефикасни наши играчи, постигнувајќи по 6 голови.
Моравме многу напорно да работиме за да го изедначиме резултатот. Загубивме многу топки и направивме многу грешки, но за среќа заврши добро за нас, рече Македа на пресот.