Очекувано, на три дена пред дуелот Вардар – Веспрем билети повеќе нема во слободна продажба. Ова значи дека ракометарите на Вардар уште еден натпрвар ќе уживаат и ќе играат пред преполн СЦ. „Јане Сандански”. Со помошта на публиката очекуваме да „падне” и незгодниот тим на Веспрем.
Инаку, в сабота во Скопје доаѓаат Арпад Штербик и Давид Дејвис. И двајцата, посебно првиот треба да бидат пречекани на незаборавен начин, исто како што беа пречекан Илија Абутовиќ и Лука Циндриќ оваа сезона.
Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем е закажан за сабота (16.02.2019) со почеток од 17.30 часот.