Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар нема да го брани Купот викендов, МКФ го одложи завршниот турнир
ЖКК Вардар нема да го брани Купот викендов, МКФ го одложи завршниот турнир

ЖКК Вардар нема да го брани Купот викендов, МКФ го одложи завршниот турнир

Женскиот кошаркарски клуб Вардар требаше овој викенд да ја брани Куп титулата во женска кошаркарска конкуренција. Поради новонастанатата состојба во земјава и деновите на жалост федерацијата го одложи завршниот турнир. Во информацијата поставена на нивната официјална веб-страница се вели:

Трагична сообраќајна несреќа синоќа ја зави Републиката во црно. четиринаесет лица го загубија животот меѓу кои и млад кошаркар од клубот Гостивар.

Поради новонастанатата ситуација Македонската кошаркарска федерација во согласност со организаторот донесе одлука да го одложи завршниот турнир од Купот на Македонија кој требаше да се одигра претстојниот викенд.

Датумот на одигрување ќе биде дополнително одреден.

Ниту еден збор нема да биде доволна утеха за блиските на настраданите.

Искрено сочуство до семејствата и пријателите на загинатите