Сите очи утре ќе бидат вперени кон ракометното „Ел класико„ и дуелот помеѓу Вардар и Веспрем. Тоа се две екипи кои оваа сезона се големи претеденти за пласман на завршниот турнир, а со тоа и за освојување на Европската круна. Вардар направи многу промен оваа сезона, како на тренерски, така и на играчки план. Истото се случуваше и со нашиот утрешен противник кој го смени тренерот, а донесе и нови засилувања. Утре ќе гледаме дуел на два големи Европски гиганти, кои се на врвот на ракометот, но и надмудрување на двајцата тренери кај двата тима. Коментарот на ЕХФ, Том О’Бранинг, кој утре ќе биде специјален гостин на дербито и ќе има можност во живо да го погледне мечот и да присуствува на една неверојатна атмосфера која ќе ја приредат вардаровите навивачи, даде една своја анализа за дербито на колото во ЛШ, воздигувајќи ги двата тренери, кои направиле добри резултати со своите екипи, а сега ќе треба да се соочат еден против друг.
Со низа комплименти за нашиот тренер, Парондо, кој го превземал Вардар со речиси изгубен цел стартен тим од минатата сезона, со заминувањето на најдобрите играчи, принуден да „крои„ нова екипа која треба да продолжи со успесите, кои претходно ги имаше неговиот предводник од клупата, Раул Гонзалез.
-Замислете дека сте тренер во Вардар, тоа е нова работа која ја превземате од легендата на клубот. Тоа е вашата прва голема тренерска улога во врвот на машкиот ракомет. Го изгубивте најдобриот голман во светот, Штербик, потоа двајца од најдобрите играчи во светот, Циндриќ и Кањелас. Го губите најдобриот одбранбен играч во Европа, Абутовиќ како и десниот бек, Македа. Вашиот тим е толку ослабен со губење на целиот стартен тим, а вие морате тоа да го надоместите и да направите нова екипа. Сето тоа е голем притисок.
Ако на сето ова се додадат и повредите на Борозан и Фереира, тренерот на Вардар успеа да најде решение. Никој на почетокот на сезоната не им даваше шанса. Победата против Рајн-Некар беше еден од најдобрите мечеви на Вардар оваа сезона.
Давид Дејвис ќе биде на спротивната страна, актуелниот тренер на Веспрем кој го воздигна клубот на едно повисоко ниво, по неговото доаѓање екипата има подобри резултати и игра се подобро.
-Неговиот противник оваа недела е стариот соиграч, Давид Дејвис, но тие сега се наоѓаат на спротивните страни. Ако мислите дека Парондо е под притисок, што да се каже за Дејвис. Веспрем е клуб кој бара успех, за кој играат голем број на ѕвезди, а второто место во групата за ваков тим не е приоритет. И двајцата се почетници тренери, кои ги водат едни од најамбициозните и највозбудливите клубови во Европа. Парондо прави чуда со Вардар, додека Дејвис го издигна Веспрем кој на почетокот на сезоната беше како „мртов“. Ќе биде ова епска, легендарна битка. Дејвис се враќа во Скопје, кој помогна многу во освојување на Европската титула на Вардар.
На крајот, О’Бранинг кажа што ќе се случува утре, Јане Сандански ќе биде преполн а тоа носи многу работи.
-Притисок, тензија, стрес, ќе биде библиско, се вели во завршната анализа на Том О’Бранинг, коментаторот на ЕХФ.