Sunday ,22 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Благој Димчевски: Не постојат толку епитети со кои можам да го опишам мојот тренер, Будимир, девојките од ЖРК Вардар ми се омилен тим
Благој Димчевски: Не постојат  толку епитети со кои можам да го опишам мојот тренер, Будимир, девојките од ЖРК Вардар ми се омилен тим

Благој Димчевски: Не постојат толку епитети со кои можам да го опишам мојот тренер, Будимир, девојките од ЖРК Вардар ми се омилен тим

Дел од ракометните млади екипи на РК Вардар е и кадетскиот состав, тим предводен долги години од Будимир Адријана, екипа во која од оваа сезона асистира и Аце Станковски. Станува збор за одличен колектив кој „жнее“ успеси на домашна и меѓународна сцена. Екипа која е лидер со 100% ефект во нивната лига, а во младинската каде се значајно помали е во битка за Ф4.

Неодминлив дел од оваа екипа е пикерот, Благој Димчевски. Млад и талентиран ракометар, кој „вртоглаво“ напредува од сезона во сезона. Бескруполозен играч во одбраната, дава цврстина во оној дел на играта каде оваа екипа и доминира во мечевите. Во нападите „лукав“ и атрактивен стрелец, играч пред кој е голема иднина. Предан на спортскиот повик, силен и интелигентен ракометар. Популарниот „Жути“  е нешто што секој ракометен тренер го посакува во тимот, играч кој е столб на успешната црвено-црна приказна на оваа генерација.

aa9

1. Благој кога и како започна твојата ракометна приказна во која досега си многу успешен?

*Мојата ракометна приказна започна на 10 годишна  возраст.  Тогаш  започнав со тренинзи во ракометната Академија на РК Вардар, каде по  само 6 месеци тренирање во Академијата  бев повикан во ракометната селекција на Ракометниот машки тим Вардар. Од тогаш па се до денес ракометот е она што мене ме исполнува.

2. Играш на позицијата пикер во црвено-црниот тим, зошто  баш таа позиција ?

*Пред да почнам да се бавам  со ракомет гледав многу ракометни натпревари и позицијата пикер ми се виде како најборбена и една од најубавите позиции. Покрај тоа   една од причините да ја изберам таа позиција се моите физички предиспозиции кои во целост се поклопуваат со задачите кои ги бара позицијата кружен напаѓач во тимот.

aa4

3. Во Вардар си дел од тимот предводен од Будимир, како е да се работи со вакво познато ракометно име?

*Лесно е да се одговори на ова прашање, едноставо гордост, чест и задоволство е да се работи со таков тренер како Будимир. Од таква ракометна величина можат да се научат многу корисни работи за ракометот, спортот, но и животот.  Во една реченица  кажано- “едноставно  нема доволно позитивни  епитети, за  да се опише нашиот тренер“.

4. Вашата екипа има успеси, долго сте заедно, која е “формулата“ за вака вкомпонран колектив?

*Тимот има хемија, долго време сме еден колектив. Дишеме во исти ракометен ритам, се познаваме и се бориме како браќа заедно на секој натпревар. Покрај тоа што одлично тактички сме подготвени од тренерот Будимир, која е долги години со нас и не „израсна“, голема помош оваа година имаме и од тренерот Аце Станковски. Тој ни отвори нови хоризонти околу физичката подготовка и значајно ја подобри состојбата во тимот со неговото доаѓање.

aa5

5. Играте на два фронта, кадетската и младинската лига, како си задоволен од постигнатото во оваа сезона досега?

*Оценката за настапот во кадетската лига ми е  “чиста 10-ка“,  бидејки имаме максимален број на бодови. Досега на осум меча победивме со доминантна игра и “зимувавме“ со 100% ефект. Кадетската лига е наш таргет оваа сезона. Додека во младинската лига иако играме со доста повозрасни од нас ние  се бориме, дадовме максимум до сега. Задоволен сум од прикажаното во оваа конкуренција каде се „калевме“ со далеку повозрасни и поискусни ривали од нас.

6. Какви очекувања имаш за пролетниот дел во кој ќе се финишираат двете конкуренции?

*Кога сум кај очекувањата, ќе си земам за право и можам слободно да кажам дека оваа година ние ќе бидеме Шампиони во кадетската лига на Македонија, без лажна скромност. Додека  пак  во младинската лига се надеваме на пласман на турнирот на “четирите најдобри“ што би било круна на нашиот тим.

aa6

7. Што ја одбележа минатата година според тебе на клупски план, и што очекуваш во оваа?

*Изминатата 2018 година ја обележа за мене тоа што со мојата екипа го кренавме трофејот во пионерската лига. Тој момент е посебно значаен за нас од мојот тим, тогаш се крунисавме по доги години напорна работа. Во  оваа веќе започната 2019 посакувам да ја достигнеме нашата цел која ние е зацртана. Тоа е освојување на кадетска лига и учество на завршниот турнирм, Ф4 во младинска конкуренција.

8.Покрај на твоите мечеви често си присутен  и на останатите машки тимови, а не ретко си дел и од мечевите на дамите?

*Јас сум голем љубител на ракометот, покрај мојот тим ги следам и постанатите црвено-црни тимови. Посебно имам интерес за женскиот сениорски тим. Девојките напредуваа многу, дел од нив ми се другарки со кои разменуваме заедничи ракометни приказни, но и се изградија пријателства кои се надевам ќе траат долго. Они се мои омилени ракометарки, и јас сум нивниот омилен ракометар…Хаха

aa7

9. Кој ракометар е идол на популарниот “Жути“, има ли играч кој ти бил пример ?

*Мој ракометен идол е играчот на сениорскиот тим на РК Вардар кој настапува на позиција пикер на која и јас исто настапувам. Станува збор за македонскиот репрезентативец и  мој повозрасен клупски колега, единствениот  Столе Стоилов. Човек пример за сите нас, млади спортисти, се надевам дека во кариерата еден ден ќе настапиме еден до друг- вели Благој.

МИХАЈЛО ТУШЕВСКИ