Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе нов фудбалер на ФК Вардар!
ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе нов фудбалер на ФК Вардар!

ОФИЦИЈАЛНО: Фелипе нов фудбалер на ФК Вардар!

ФК Вардар конечно и официјално го претстави Хуан Фелипе Алвес Рибеиро како нов фудбалер на тимот. Фелипе како што е добро познато доаѓа во Вардар од редовите на Каират и ќе биде дел од Вардар до крајот на оваа сезона со надеж соработката да биде продолжена и по истекот на тековната сезона.

Иако десетина месеци не бев дел од Вардар, се чувствувам како никогаш да не сум заминал.  Ова е мојот дом, го сакам клубот, ги сакам навивачите „Комити“ од кои верувам дека ќе ја имаме поддршката на секој натпревар. Се враќам во добро позната средина. Гледам дека се сменија некои работи од минатата година до сега, сепак, добро се познавам со дел од играчите. Верувам дека повторно одлично ќе соработуваме, и се надевам на добри игри“, рече Фелипе.

20035-felipe-se-vrati-vo-vardar-se-chuvstvuvam-kako-voopshto-da-ne-sum-zaminal

„Се вратив за повторно да се обидеме да дојдеме до титулата, и да ја вратиме онаму каде што припаѓа. Ќе биде тешко во пролетниот дел, но ќе се бориме, и јас се надевам и посакувам со добри игри и со добри резултати, повторно да бидеме на првото место на крајот од сезоната. Некои од играчите се нови, јас не ги знам, меѓутоа поголемиот дел ги познавам. Вардар има квалитет, Вардар секогаш оди на победа, на прво место, и така ќе биде и во овој втор дел од сезоната“, изјави Фелипе.

Добродојде назад Хуан Фелипе!