Екипата на Веспрем е следниот противник на Вардар, во рамките на 12.коло од најсилната група од Лигата на Шампионите, дуел кој ЕХФ го прогласи за меч на неделата.
Унгарскиот вицешампион без тренинг во Скопје утре ќе го одмери силите со црвено-црните. Вообичаено екипите кои гостуваат да одработат еден тренинг во салата каде ќе се игра натпреварот, но Веспрем направи исклучок. Тие својот последен тренинг го имаа утрово но во својата „Веспрем арена“ додека вечерва се очекува со чартер лет да пристигнат во главниот град на Македонија. Тоа значи дека само ќе одморат и ќе се сконцентрираат за утрешниот настап против Вардар, меч кој својот почетк го има од 17:30 часот.
Вардарци пак својот последен тренинг пред утрешниот дуел го имаа попладнево во арената Јане Сандански. Мирно помина тренингот на црвено-црните, додека тренерскиот тандем, Парондо-Црвенковска ги прават последните тактики пред мечот со Веспре,
Арената за овој дуел е целосно распродадена, сите кои не обезбедија билет ќе можат директен пренос да проследат на програмата Арена Спорт 4.