Двајца млади играчи денес ставија потпис на професионален договор со екипата на ФК Вардар. Се работи за Џемаил Ибиши и Бојан Димовски кои потпишаа договори во трајност од три години. И двајцата играчи беа дел од зимските подготовки во Аланија, а тренерот Васоски e задоволен од нивните игри и залагање, кои ги награди со професионални договори.
Џемаил Ибиши дојде од екипата на Металург и тоа минатата сезона. Забележа речиси настапи за сите младински екипи на Вардар, а во есенскиот дел од сезоната настапуваше за младинците на Вардар, а исто така имаше запишано настапи за Вардар и во ПМФЛ. Ибиши беше и најдобар стрелец со 15 постигнати голови за младинскиот состав на Вардар, во првиот дел од натпреварувачката сезона.
„Среќен сум што потпишав професионален договор со Вардар и што сум дел од овој тим. Не верував дека ова ќе се случи, но со напорна работа се е можно. Сега останува само напорно да тренирам и да се наметнам кај стручниот штаб. Верувам дека во пролетниот дел ќе ја освоиме титулата и ќе завршиме во првото место“, вели Ибиши кој што има право за настап и за младинците и за кадетите на Вардар, а веќе три години е дел од нашиот тим, истакна напаѓачот Ибиши.
Играчот од средината, Бојан Димоски дојде во Вардар од екипата на Тетекс, а има настапувано и за екипата на Пролетер. На подготовките во Аланија добиваше голема доверба и минутажа од тренерот Васоски.
-Ми се исполни сонот да бидам дел од сениорскиот тим на Вардар. Тоа ми желба уште кога дојдов пред две години тука од тимот на Тетекс. Добро работевме на подготовките во Турција, и се надевам дека ќе ја оправдам довербата кај стручниот штаб и дека ќе добивам шанса да настапувам. Се разбира дека целта во пролетниот дел е освојување на првото место“, рече Димоски по потписот на договорот.