Утре во Скопје се судираат две ракометни сили. Две екипи кои сигурно оваа сезона се во топ – 5 екипи за освојување на Лигата на шампионите.
Покрај многуте дуели на утрешниот меч на теренот, најинтересен се чини ќе биде дуелот на голманите. Од едната страна ќе биде нашиот млад и одличен голман Дејан Милосављев, а од другата големиот Арпад Штербик, кој за прв пат ќе настапи против својот поранешен тим Вардар и против навивачите на “црвено – црните”.
Дејан Милосављев на секој натпревар оваа сезона покажува дека од првиот ден се исплати неговото доаѓање во Вардар и замената токму за Штербик. Милосављев на секој дуел има просек од над 10 одбрани, доколку тоа го направи и утре, со сигурност ќе исчекори голема работа во походот кон нова победа над овој ривал, по онаа во Унгарија.
На спротивната страна од првата минута ќе биде големиот Арпад Штербик. Иако Штербик не се наоѓа во добра форма во овој момент, се очекува да започне на голот на Веспрем пред исто така одличниот Миклер. Како ќе се покаже Штербик пред атмосферата до која играше пред неколку месеци останува да видиме во текот на утрешниот натпревар.
Едно е јасно, ќе гледаме натпревар на два одлични голмани кои ќе бринираат со своите интервенции. Се надеваме дека на крајот нашиот голман ќе излезе како победник.