Утре црвено-црните заминуваат за Шведска, каде во сабота ги очекува натпревар од Лигата на Шампионите, против екипата на Кристијанштад. Попладнево тренерот Парондо го одработи последниот тренинг во салата Јане Сандански. Со момците работеше и кондициониот тренер, Даниел Јуришиќ кој ги подготвуваше за саботниот предизвик.
Вардар се бори за второто место во групата А, затоа ни е потребен триумф на гостувањето кај шведскиот шампион. Мечот во сабота стартува од 19:00 часот, со директен пренос на Арена Спорт 3.