Saturday ,19 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ПЕТИЦИЈА! Игор Карачиќ да остане во Вардар!!
ПЕТИЦИЈА! Игор Карачиќ да остане во Вардар!!

ПЕТИЦИЈА! Игор Карачиќ да остане во Вардар!!

Целта на оваа петиција е да го увериме Игор Карачиќ да остане во РК Вардар.
Игор е играч кој не можеме да дозволиме да го изгубиме!
Икона на клубот, староседелец со најдолг стаж и огромен придонес за сите наши радости. Можеби сме имале и подобар среден бек во Циндриќ, но верноста и љубовта на Карачиќ не можеме да ги замениме!
Она што е многу вредно – треба да го зачуваме!
АЈДЕ ние навивачите со оваа петиција да го увериме Игор да остане.
Потпишете! Ова досега не било направено за никој играч. Токму тоа ќе го увери да остане!

- Повеќе информации ОВДЕ.

Ние, потпишаните навивачи и симпатизери на РК Вардар, го повикуваме нашиот играч Игор Карачиќ да остане во РК Вардар!