Пионерите на ракометниот клуб Вардар стигнаа до првата пролетна победа во пионерската лига. Денес избраниците на Петковски и Бисинов, славеа на гостувањето кај екипата на Илинден.
Вардар на стартот од мечот во два наврати имаше предност од два гола разлика, беше 0:2 и 1:3, но домашниот тим успеа за прв пат на мечот да го израмни резултатот на 4:4. Сепак нашите пионери во следниот период направија серија од 0:3 и стигнаа до највисоката предност во првото полувреме (4:7). По првите 20 минути, нашиот состав имаше водство од два гола разлика (6:8).
Вардаровите пионери беа подобри и во второто полувреме, во кое имаа целосна контрола на резултатот. Имавме во неколку наврати позитива од три гола, кога резултатот на семафорот беше 7:10, 8:11 и 11:14. Во последните минути, Илинден се погрижи за намалување на резултатот и минимален пораз од 13:14.
Андреј Петрушевски беше најефикасен со 5 голови, додека Виктор Трифуноски постигна 4. Во листата на стрелци се запишаа уште и Матеј Трајановски и Мартин Сипкоски кои постигнаа по 2 гола и Ѓорѓи Спасовски со 1 погодок. Ова беше шестта победа за пионерите во рамките на групата 1 од пионерската лига.