Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар оди на осмата победа во меѓусебните дуели со Кристијанштад
Вардар оди на осмата победа во меѓусебните дуели со Кристијанштад

Вардар оди на осмата победа во меѓусебните дуели со Кристијанштад

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на Шампионите за екипата на Вардар. Црвено-црните гостуваат во Шведска, на последнопласираниот тим на табелата во групата А, тоа е тимот на Кристијанштад.

Вардарци ќе се обидат да се вратат на победите, откако во минатото коло на домашен терен доживеавме „незгоден“ пораз од екипата на Веспрем и на тој начин ја загубивме втората позиција на табелата. Вардар е фаворит на овој дуел, со оглед дека има позитивен скор со овој противник, досега имаме одиграно седум меѓусебни натпревари, и сите завршиле во корист на нашиот шампион, а дури на три пати сме успеале да го совладаме Кристијанпштад пред неговите навивачи.

Се работи за противник кој е на првото место на табелата во своето првенство, а во средата издвојуваа триумф на домашен терен против екипата на Алингсас. Кристијанштад четири сезони по ред успева да стане шампион на својата земја, тоа е екипа составена воглавно од домашни играчи, додека имаат и пет интернационалци. Се работи за исланѓаните, Гудмудсон,  Арнарсон и  Ејнарсон. Тука е и братот на поранешниот вардаров играч, Кањелас, се работи за помладиот брат, Марк Кањелас кој настапува на десната бековска позиција, како и интернационалецот од Норвешка, Стиг-Торе Моен Нилсен.

Интересно дуелот со Вардар ќе биде и деби на клупата на Кристијанштад, за новиот предводник, Љубомир Врањеш, кој последен го водеше тимот на Веспрем, од каде доби отказ и тоа токму после поразот од Вардар, во „Веспрем Арената“.

Кај Вардар ќе недостасува Борозан, кој се пожалил на мали болки во коленото, по што Парондо решил да го остави во Скопје, како и без подолго отсутниот Горбок. Кај домашниот тим најверојатно во составот нема да биде шпаневот, Марк Кањелас, поради повреда.

Кристијанаштад има само две победи оваа сезона во Лигата на Шампионите, една изненадувачка на гостувањето кај актуелниот шампион на Европа, со кој одигра и нерешено на домашен терен, и една пред својата публика, исто така против голем противник, тоа е Веспрем кој го совладаа со три гола разлика.

Нема да биде секкао лесно, Кристијаншад го краси брза игра во контра-напади, но се надеваме дека Парондо добро ги анализирал швеѓаните. Останува да видиме и што ќе понуди Врањеш на своето деби, ние очекуваме добра игра на Вардар и секако победа на овој дуел од 13.коло во групата А. Мечот стартува од 19:00 часот, од истиот пренос ќе има на каналот Арена Спорт 3.