Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на Вардар во “рововска битка“ го добија младинскиот тим на РК Струга, Кизиќ одличен со 17 одбрани (ФОТО)
Кадетите на Вардар во “рововска битка“ го добија младинскиот тим на РК Струга, Кизиќ одличен со 17 одбрани (ФОТО)

Кадетите на Вардар во “рововска битка“ го добија младинскиот тим на РК Струга, Кизиќ одличен со 17 одбрани (ФОТО)

Денес во “Јане Сандански“  кадетите на РК Вардар ја пречекаа младинската екипа на РК Струга, против себе момците на Будумир и Станковски имаа силен, повозрасен и мотивиран тим. Во крајно борбен натпревар, со многу дуели победата остана во Скопје. Вардар победи со 24-20 (11-11).

0

Тргнавме лошо во првите пет минути, гостинот го искористи тоа и поведе со 0-3 во 6.минута. Ние се соземавме, на нашиот гол Кизиќ влезе во серија, одбраната успеа да се дигне на ниво. Со двата гола на Чакалиќ, и по еден на  Савревски и  Мишевски  успеавме во 10.минута да направиме пресврт и да поведеме со 4-3. Гостинот од пенал успеаа да изедначи, на 4-4. Се играше цврст меч, ривалот беше повозрасен, ние влеговме во костец и од минута во минута успевме да одржуваме баланс. Во последните 2.минути влеговме со реми 10-10 на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше резултатска симетрија како и во поголем дел од првиот период.

3

Противникот успеа да зголеми на 10-11, ние промашивме во напад. Сепак на нашиот гол Кизиќ Марко повторно блесна и ни даде шанса. Будимир и Станковски на 52.секунди до крај го побараа првиот тајм-аут. Бојан Чакалиќ одлично исолира, но беше сопрен со фаул, по кој беше досуден седмерец. Истиот играч умешно реализираше за конечни 11-11 за време на одморот.

5

Вториот дел започна со по четири гола за повторно резултатска симетрија на семафорот 15-15 по само 9.минути игра ништо не беше променето во однос на текот на првиот период.  Играта од изеднаувањето на 4-4 во 11.минута па се до тогаш беше иста, голема борба, два цврсти тима кои се борат за секоја топка. Младиот црвено-црн тим не се предаваше постојано се бореше со повозрасниот ривал. Следеа неефикасни 5.минути во кој се изнапромашија двата тима. Чакалиќ одлично погоди од пенал, потоа Благој Димчевски пожртвувано одзема во одбраната, се разви брза контра Калајџиевски Симон успеа да погоди. Прв пат поведовме со два гола, 17-15 на оваа средба баш кога се кршеше резултатот. Ривалот веднаш побара минута одмор за да го прекине нашиот налет. Оваа мала “залиха“, но вредна ја чувавме со машка игра, успеавме да  влеземе во последните пет минути со 20-18 по голот на Србиновски Дамјан. Првпат отидовме на плус три, во 57.минута кога Кизич фати еден неверојатен удар, а во напад атрактивни погоди Чакалиќ за 21-18. До крајот остана малку време, но голема борба беше да се задржи предноста пред повозрасниот тим. Ние успеавме да бидеме подобри и тука, па победивме со четири гола, 24-20.

2

Кога сме кај најуспешните,  голманот Кизиќ Марко имаше 17 одбрани, Чакалиќ Бојан погоди 9 пати, а по четири гола имаа Србиновски Дамјан и Савревски Давид. Ова беше шестта победа за вардарци, со која ги вративме шансите за пласман на завршниот турнир.

1

ФОТО: Iva Organdzieva -Рhotography

*Утре, повторно мега галерија од овој дуел, дело на младиот фотограф Ива Органџиева.