Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Кристијанштад и го осигура 3.место во групата, останува напад на 2.место во последното коло
Вардар го победи Кристијанштад и го осигура 3.место во групата, останува напад на 2.место во последното коло

Вардар го победи Кристијанштад и го осигура 3.место во групата, останува напад на 2.место во последното коло

Вардар со голема победа се враќа од гостувањето во Шведска, откако успеа да ја победи екипата на Кристијаншад и да го осигура третото место во најсилната група А.

Натпреварот започна со по еден промашен седмерец на двете страни, кај нас промаши Чупиќ, додека Милосављев беше поуспешен од противничкиот играч. Кристопанс беше играчот кој го скрши „мразот“ и успеа да го отвори резултатот, додека истиов играчи беше стрелец и на вториот гол за нас, со кој го израмни резултатот на 2:2. Милосављев добро започна на голот и во 7.минута ја забележа својата четврта одбрана. Откако Вардар загуби две топки, тоа немилосрдно го казни домашниот тим кој успева за прв пат да поведе со два гола разлика (5:3) во 10 минута од дуелот. Црвено-црните постојано бркаа негатива во првото полувреме, иако имаа можност да бидат екипата која на одмор ќе заминеше со позитива. Скубе и Кристопанс беа наши најрасположени играчи, двајцата постигнаа по четири голови, вкупно осум од 12-те погодоци на Вардар во 23 минута од мечот. Претходно Дибиров, конечно успева да погоди, откако промаши два удари, за да ни донесе пресврт и водство од 9:10. Домашниот голман беше најзаслужен што неговиот тим држеше рамнотежа со Вардар во текот на првиот дел, Капелин беше одличен и по 30 минути на голот имаше 7 одбрани. Кај Вардар, Гедбан го замени Милосављев и успеа да одбрани зицер удар, додека со својот прв гол, Кисељев да ни донесе водство од 15:16. Сепак не успеавме да ја зачуваме оваа предност, Кристијанштад најпрво израмни на 16:16, за во последните пет секунди да постигне гол и на одмор да замине со минимална предност од 17:16, претходно Дисингер не успеа од два обиди да го совлада противничкиот чувар на мрежата.

Шишкарев успева на стартот од вториот да го израмни резултатот, но противникот постигнува два гола во серија и поведува со 19:17. Претходно нашиот состав не успеа да реализира и втор пенал на овој меч, овој пат Скубе не успева да го совлада Капелин. Стоилов успева да изнуди две исклучувања, тоа максимално го користиме постигнуваме голови преку капитенот и Дибиров и го израмнуваме резултатот на 19:19. Прв гол на мечот и за Карачиќ кој го заменува Дисингер на левата бековска позиција, додека во контра погодува Шишкарев за наша серија од 0:4 и предност од 19:21, прв пат на дуелот имаме два гола позитива. Сепак кратко траеше нашето водство, не успевме да се одлепиме, а Кристијанштад донесе ново израмнување. Каков зицер не успева да реализира Дибиров за плус три, во контра напад сам, но чудесно брани Капелин и го остава својот тим во игра. Сепак одлична одбрана и на Калифа Гедбан, кој му дава можност на својот тим да го зголеми резултатот, тоа и се случува и со вториот гол на Фереира поведуваме со 21:24 во 45 минута. Какви циџери брани Гедбан, и тоа во два наврати брани чисти удари на противничките играчи, додека Шишкарев не успева да погоди зицер за четири гола предност, сепак Кристопанс погоди за 23:27, по што следуваше тајмаут за домашниот тренер. Како само се топи нашата предност, откако не успеваме ниту по трет пат да погодиме седмерец, додека Дибиров имаше 3/9 на овој меч, за серија на Кристијанштад од 3:0. Каков натпревар за Стоилов, браво за нашиот капитен кој повторно погодува, за предност од 28:30. Гедбан е јунак на Вардар, одбрани зицер за израмнување, а Кристопанс постигна гол за 29:31. Намали домаќинот, но немаше време за нешто повеќе, Вардар слави голема победа со резултат 30:32.

Кристопанс постигна 8 голови, додека Шишкарев имаше 5 гола.Вардар е моментално на второто место со бод повеќе од Веспрем, но и меч повеќе, како и три бодови повеќе од екипите на Киелце и Рајн-Некар. Во последното коло на домашен терен играме со Монпелје.