Македонското сонце силно „светна” и во Шведска. Повеќе од 100 навивачи вечерва имаа можност да се радуваат во салата на головите на Кристопанс, Карачиќ, Скубе, фантастичните одбрани на Гедбане кој бринираше во вториот дел, а на крајот и на победата на Вардарци.
Со оваа победа „црвено – црните” го осигураа третото место во нашата група, а во последното коло идната недела ќе го напаѓаат и второто, кое во овој момент му припаѓа на Вардар, но Веспрем има натпревар помалку.
Во последното коло, во сабота, Вардар го пречекува европскиот шампион тимот на Монпелје, а Веспрем игра со Келце на гости.