Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Имаме два одлични голмани и нормално е да очекуваме да бранат добро
Парондо: Имаме два одлични голмани и нормално е да очекуваме да бранат добро

Парондо: Имаме два одлични голмани и нормално е да очекуваме да бранат добро

Вардарци со два големи бодови се враќаат од гостувањето во Шведска, откако вечерва беа поуспешни од екипата на Кристијанштад. Беше тешко и неизвесно до самиот крај, но Вардар ја заслужи победата. Триумфиравме со резултат 30:32 и до утре ќе бидеме на второто место на табелата. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обрати тренерот, Гарсија Парондо кој истакна дека голем проблем била реализацијата.

„Игравме добро, но проблем беше реализацијата. Стигнувавме до позиција да шутнеме, но промашувавме. Важно освоивме бодови и сега мирно ќе го чекаме последното коло. Знаевме дека ќе биде тешко тука бидејќи Кристијанштад игра добро дома, но и ние се подготвувавме. Секој што играше си ја знаеше својата работа и добро функциониравме.

Може слободно да се каже дека победата денес ја донесоа нашите голмани, кои имаа вкупно 13 одбрани. Милосавњев солиден до 20 минута на голот имаше 5 одбрани, додека Гедбан одлично го замени, неколку зицери одбрани во моментите кога се одлучуваше победникот.

„Имаме двајца голмани и нормално е да очекуваме да бранат добро. Дејан имаше добра сезона, но и Гедбан е добар и тоа го покажа вечерва. Едниот е добар на еден меч, другиот на друг меч. Затоа имаме два голмани, истакна шпанскиот стратег на клупата на Вардар.