Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар го надиграа Работнички, пионерите поразени од репрезентативците, за кои гол постигна Георг Стојановски
Пом.пионери на ФК Вардар го надиграа Работнички, пионерите поразени од репрезентативците, за кои гол постигна Георг Стојановски

Пом.пионери на ФК Вардар го надиграа Работнички, пионерите поразени од репрезентативците, за кои гол постигна Георг Стојановски

Две младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден одиграа контролни натпревари.

Помладите пионери на Вардар предводени од Филип Деспотовски на теренот на Академијата убедливо ја совладаа екипата на Работнички. И двете екипи настапија без неколку свои стандардни играчи, кои имаат репрезентативни обврски, во таква улога подобро се снајдоа вардарци, кои славеа убедлива победа со резултат 5:1, и тоа со сите голови во второто полувреме, отакако првиот дел заврши со почетните 0:0. Вардар беше без Јовановски, Ѓорѓоски, Давков, Хасани и Стојановски, кои се дел од репрезентацијата до 17 години на тренинг кампот во Скопје.

По два гола на овој контролен дуел за Вардар беа дело на Мирков и Лозановски, додека еднаш во листата на стрелци се запиша и Андрески.

За Вардар на овој дуел настапија: Стојковски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Сељанац, Андрески, Давидовски, Стојчевски, Марковски, Мирков, Тасевски, Живков. 

Во игра влегоа уште и Саит, Лозановски, Исмаили, Петковски и Јовчев. 

2

Пионерите пак на Вардар на терените на ФФМ одиграа пријателски натпревар со македонската селекција до 17 години. Поуспешни беа репрезентативците кои славеа со резултат 0:2. По првото полувреме резултатот беше непроменет 0:0. Стрелец на еден од головите беше вардаровиот играч, Георг Стојановски кој постигна гол од белата точка. За Македонија дел од овој натпревар беа и пет играчи од редовите на Вардар и сите влегоа во игра во второто полувреме. Се работи за Јовановски, Ѓорѓоски, Давков, Хасани и Стојановски.

52891146_10213867767710545_6744902725667913728_n

Вардар: Величковски, Асани, Костовски, Величковиќ-Радуловиќ, Петејчук, Гугуљанов, Трајановски, Речица, Демири, Омерагиќ, Салиу.