Вардар ја забележа и осмата победа во Лигата на Шампионите, откако славеше на гостувањето во Шведска кај екипата на Кристијанштад (30:32). Летонецот во црвено-црниот дрес, Даинис Кристопанс беше наш најефикасен играч, постигнувајќи вкупно осум голови, па ЕХФ го смести во најдобриот тим на колото во ЛШ, како најдобар десен бек.
Како изгледа идеалниот тим на 13.коло во ЛШ:
Голман: Ричард Капелин (Кристијнаштад)
Лево крило: Иван Никчевиќ (Спортинг Лисабон)
Лев бек: Барис Пухоски (Мотор Запорожје)
Среден бек: Себастијан Скубе (Силкеборг)
Десен бек: Даинас Кристопанс (Вардар)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Накар Левен)
Видеото со најдобрите седум за ово коло, можете да го погледнете на линкот, ТУКА.