Генерацијата на ФК Вардар родени „2004“ година продолжуваат со одигрување контролни натпревари, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната во регионалната-скопска лига.
Иззбраниците на Петар Георгиевски на теренот на Академијата одиграа меч против екипата на Шкупи, кој го добија убедливо со резултат 4:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0. Левент Ибраим успеа да постигне два гола, додека по еден беа дело на Бесар Гуџуфи и Сандро Каровски.
Вардар: Ангелов, Павлески, Каровски, Милошевски, Љушев, Идризи, Дошев, Серафимов, Гуџуфи, Ибраим, Попов.
Стартот на пролетниот дел е закажан за на 3.март, а вардарци ќе стартуваат од првата позиција на табелата.