Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед Куп! Вардар си обезбеди 1/2-финале, покрај нас на Ф4 се Металург и Куманово, последниот “патник“ ќе се знае дополнително

Преглед Куп! Вардар си обезбеди 1/2-финале, покрај нас на Ф4 се Металург и Куманово, последниот “патник“ ќе се знае дополнително

На пет терени во земјава, викендов се одиграа  натпреварите од четвртфиналето во женска конкуренција во Купот на Македонија. Очекувано фаворитите, топ-3 тимовите од лигата остварија лесни и двоцифрени победи над своите ривали. Веќе се познати три патници  на завршниот турнир, каде пласман го обезбедија: Вардар, Металург и Куманово. Четвртиот патник  ќе биде познат по одигрувањето на дополнителниот дуел  помеѓу Пелистер и Стружанка. Девојките на Симовски и Царчев ја имаат “тежината“ да го бранат Куп-пехарот од лани, тие умешно ја минаа првата пречка.

Металург обезбеди 1/2-финале со висока победа 13-60 во  Свети Николе кај тимот на Овче Поле. Куманово дома лесно го совлада ЦЕМС со 46-12.  Во дополнителниот меч ќе игра Пелистер кој беше поуспешен од Спартак, и Стружанка која исто така дома победи, тие ја совладаа екипата на Деспина.

zrk2

Нашиот, Вардар гостуваше во Гевгелија, дуелот започна рамноправно, беше 6-6 потоа ние се одлепивме и на одмор заминавме со пет гола предност, 10-15. Во вториот дел ја валоризиравме предноста во квалитет и триумфиравме со 12.гола предност, победата дојде со резултат 18-30.  На оваа средба голманот С.Грујовска имаше 9 одбрани, што ја истакна како поединец број еден. Четири вардарки  мечот го завршија со  “број 5“ зад своето име,  Б.Диневска и  М.Петковска погодија по пет пати,  а пак    Ј.Трајкоска и А.Илиќ  имаа по пет интервенции.

РЕЗУЛТАТИ 1/4-ФИНАЛЕ КУП(ж):

  • ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК ВАРДАР 18-30
  • ОВЧЕ ПОЛЕ  – МЕТАЛУРГ 13-60
  • КУМАНОВО – ЦЕМС 46-12
  • СТРУЖАНКА – ДЕСПИНА 29-18
  • ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК 27-23

Куп на РМ пласирани екипи во  полуфиналето:

-Металург

-ВАРДАР

-Куманово

-Пелистер/Стружанка

НАПОМЕНА: Новиот Куп-шампион на земјава ќе го дознаеме по завршниот Ф-4 турнир кој е предвиден да се игра  во периодот од 17 до 19 мај.