Кошаркарсиот клуб Вардар започна со нова рубрика, која ќе може да ја читате секоја среда на официјалниот веб-сајт на црвено-црниот клуб. Секоја недела ќе има различен играч со различна кошаркарска приказна. Прв со кој е капитенот на сениорите Игор Ивановиќ.
1. Кога за прв пат се “сретна со баскетот” ?
Со баскетот прв пат се сретнав пред 14 години, уште во 2005 , кога почнав да тренирам во младинската школа “Јуниор”.
2. Од каде/кому дозна за постоењето на клубот и што те заинтригира токму во Вардар да играш кошарка?
Вардар е клуб со традиција , отсекогаш важел за клуб кој знае како да работи со млади играчи и тоа беше една од главните причини да дојдам во клубот “Под Кале”.
3. Кој број на дрес го носиш и дали ти има значење бројката?
Уште од младинските категории го добив бројот 10 да го носам , што е случај и ден денес. Едноставно тоа е мојот среќен број.
4. Што е најважното нешто на кое те научиле тренерите во КК Вардар?
Освен што важат за одлични кошаркарски познавачи, нашите тренери се и одлични педагози. Така да кошарката пред се ни дава да бидеме добри луѓе, па потоа и кошаркари.
5. Со што најмногу се гордееш во дресот на КК Вардар?
Сигурно, најмногу се гордеам со доминацијата и многуте освоени трофеи за Вардар во младинските категории од 2008 година , па се до ден денес кои ги освојуваат нашите јуниори.
6. Кога би можел да промениш нешто во клубот што би било тоа?
Можеби да се направи поголема теретана и да се донесат машини за шут, со што младите би можеле да напредуваат повеќе и побрзо , иако би напоменал дека и во моментов Вардар има одлични услови за играње.
7. Што очекуваш до крајот на тековната сезона?
До крајот на сезоната очекувам уште многу добри натпревари на мојот тим и сигурно повеќе победи , отколку во првиот дел од сезоната.