Европската ракометна федерација ги одреди судиите на натпреварот меѓу Вардар и Монпелје, кој ќе се игра во рамките на 14 коло од Лигата на шампионите.
На дуелот во Скопје утре ќе судат Турците Ибрахим Оздениз и Курсад Ердоган, додека делегат е Хрватот Јосип Посавец.
Очекуваме фер и коректно судење. Дуелот на Вардар и Монпелје се игра утре со почеток од 17:30 часот со директен пренос на Арена Спорт 3.