Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре во првото пролетно коло го пречекува Пролет 62
Вардар Јуниор утре во првото пролетно коло го пречекува Пролет 62

Вардар Јуниор утре во првото пролетно коло го пречекува Пролет 62

По стандардната зимска пауза, повторно овој викенд низ салите во Македонија се враќа суперлигашкиот машки ракомет. На програмата викендов е првото пролетно, односно 15.коло во оваа сезона. Во истото Вардар Јуниор ќе биде домаќин на екипата на Скопје, тимот на РК Пролет 62.

Дуелот се игра утре, сабота 2-ри март со почеток од 12 часот и 30 минути во Спортскиот центар “Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии на оваа средба се Ќаев Спаско и Ќаев Глигор од Скопје. Тимот на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков е претпоследен со 9.бода и повеќе од сигурно е дека ќе играме во плеј-аут сегментот. Покрај ова за доигрување од регуларниот дел од сезоната има уште три кола.