Утре стартува пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Прв пролетен предизвик за нашите генерации ќе биде екипата на Шкипи. Пионерските екипи стартуваат од првото место, кадетите од седмото, додека младинците од втората позиција. Во продолжение ви претставуваме кои се играчи заминаа, а кои ги засилија младинските екипи на ФК Вардар.
Помлади пионери:
Дојдоа: Алек Саит ( немал куб ) и Бојан Лозановски ( немал клуб)
Заминаа: Марио Петрушевски, Влатко, Стојановски, Дамјан Ќосески ( Њу Старс), Александро Прелоговски ( Македонија Ѓ.П.), Дарко Младеновиќ ( без клуб).
Пионери:
Дојдоа: Иван Мицевски ( Македонија Ѓ.П.)
Заминаа: Мартин Ѓорѓиевски ( Њу Старс), Марко Станковски ( Македонија Ѓ.П).
Кадети:
Дојдоа: Апостол ( Форца), Матеј Николов ( повратник од Брегалница), Медија Кртовци ( повратник од Работнички), Иван Мицевски ( Академија Пандев)
Младинци:
Дојдоа: Антонио Божиноски ( Работнички), Марко Стојчески ( повратник од Академија Пандев).
Заминаа: Методија Велковски ( Илинден), Јакуп Бериша ( Шкендија), Филип Антовски ( Динамо Загреб).